Услови за користење
Со користењето на веб-страницата Skopjetime.com потврдувате дека сте запознаени со правилата и условите за користење и се обврзувате да ги почитувате наведените правила и услови.
Последно ажурирани: 9 јуни 2023
Содржина:
Заштита на авторското право и правото од индустриска сопственост
Сите текстови, слики и други содржини поставени на Skopjetime.com се ексклузивно право на Skopjetime.com или се користат со изречно одобрение на носителот на авторското право или субјектот на правото од индустриска сопственост. Содржините кои се објавени на Skopjetime.com а потекнуваат од други извори го имаат наведено изворот.
Споделување на текстови
Се забранува какво било копирање, дистрибуција, пренос, објавување или на друг начин користење на содржините на оваа веб-страница. Дозволено е вршење на истото само со изречна согласност на Skopjetime.com и во склад со определените стандарди за споделување.
Дозволено е преземање на дел од авторските текст кој нема да надминува 30% од оригиналниот текст, врз кој не е направена никаква интервенција од трети страни што би довело до искривување на пораката која е пренесена од авторот, кој е задолжително поставен помеѓу наводници (на почетокот и крајот на текстот), кој задолжително повикува на изворот (Skopjetime.com) и во кој задолжително е поставен линк кој води до оригиналниот текст.
Дозволено е преземање на целосни текстови од Skopjetime.com, врз кој не е направена никаква интервенција од трети страни што би довело до искривување на пораката која е пренесена од авторот и со задолжително повикување на изворот (Skopjetime.com) и во кој задолжително е поставен линк кој води до оригиналниот текст.
Споделување на слики и видеа
Дозволено е преземање на слики и видеа од Skopjetime.com, врз кои не е направена никаква интервенција од трети страни што би довело до искривување на пораката која е пренесена од авторот и со задолжително повикување на изворот (Skopjetime.com) и во кој задолжително е поставен линк кој води до оригиналниот текст или оригиналната слика / видео.
Какво било кршење на овие правила и услови, што може да има како последица повреда на кое било авторско право или право од индустриска сопственост претставува основ за преземање правни дејствија од страна на Skopjetime.com против сторителот или сторителите.
Одговорност
Со користењето на оваа веб-страница, корисникот е согласен да ги почитува овие Услови за користење, позитивната законска регулатива, како и да се однесува според прифатливите етички и морални принципи во Република Северна Македонија.
Корисникот потврдува дека која било содржина од оваа веб-страница нема да ја користи во незаконски цели, ниту пак за нивно промовирање.
Корисникот се согласува и потврдува дека нема да поставува или пренесува какви било содржини од оваа веб-страница со што на кој било начин ќе ги прекрши овие Услови за користење, позитивната законска регулатива, прифатливите етички и морални принципи во Република Северна Македонија, вклучувајќи но не ограничувајќи се на повреда на авторските права, повреда на права од индустриска сопственост, поттикнување нетрпеливост, дискриминација, клевета, омаловажување, нарушување на приватноста, достоинството и угледот на Skopjetime.com и на трети лица.
Користењето на сите содржини на Skopjetime.com е на сопствена одговорност на корисникот и Skopjetime.com не може да се смета за одговорен за какви било штети настанати од неговото користење.
Skopjetime.com содржи и линкови до веб-страници надвор од сопствената веб-страница и не може да се смета за одговорен за содржините надвор од оваа веб-страница.
Skopjetime.com ќе го смета корисникот за одговорен за каква било штета настаната поради негово однесување кое е спротивно на овие Услови за користење, позитивната законска регулатива во Република Северна Македонија, морал и етика или штета настаната како последица на злоупотреба на каков вид содржина преземена од Skopjetime.com и ќе ги преземе сите правни дејствија за надоместување на причинетата штета.
Заштита на приватноста
Skopjetime.com во своето работење го почитува Законот за заштита на личните податоци и сите други прописи кои на кој било начин пропишуваат посебен третман на личните податоци на корисниците.
Skopjetime.com доаѓа само до оние лични податоци кои корисниците решиле да ги остават при користењето на оваа веб-страница. Skopjetime.com на ниту еден начин истите податоци нема да ги класифицира, групира или употреби за кои било други цели освен за целите за кои тие се оставени од самите корисници.
За повеќе информации прочитајте ја нашата Политика за приватност.
Skopjetime.com го задржува правото во кое било време, без претходна најава, да ги менува овие Услови за користење и да ја објави промената на својата страница.