Колку работни дневници ви се потребни Вам и на луѓето низ светот за да купите нов iPhone 14 Pro


Мобилните телефони iPhone претставуваат своевиден стандард во мобилната и комуникациската индустрија. Секоја година Picodi.com го објавува iPhone индексот којшто оваа година ја претставува локалната вредност на еден iPhone 14 Pro изразена во број на работни денови (дневници) по работник.
Во САД, iPhone 14 Pro во неговата основна верзија (128 GB) се наоѓа по најниска цена од 999 долари. Сепак, важно е да се напомене дека ова е нето цена, која важи само во четири федерални држави каде данокот на промет е 0%. Во Њујорк, најновиот предводник на Apple мобилните телефони чини 1087,66 долари (вклучувајќи го данокот на продажба од 8,875%), што е цената што е користена во пресметките.

Потребни работни дневници
Во однос на Соединетите Американски Држави, според најновите податоци, просечната плата во Соединетите држави е 58.620 долари бруто годишно (4.018,21 долари нето месечно). Тоа значи дека просечен Американец треба да работи 5,7 дена за да купи iPhone 14 Pro, под услов сите заработени пари да бидат заштедени за оваа намена. Во однос на претходната година, бројот на потребни денови е намален за 0,2 дена.
Вака изгледаше iPhone Index во САД во последните 5 години:
- 2018 година – 8,4 дена
- 2019 година – 5,8 дена
- 2020 година – 6,1 ден
- 2021 година – 5,9 дена
- 2022 година – 5,7 дена
Како е во Македонија
Цената на еден нов мобилен телефон iPhone 14 Pro се движи околу 75.000 денари. Со оваа цена, еден македонски работник со просечна плата ќе треба да одвои околу 45,5 работни дневници за да може да си го дозволи овој најнов мобилен телефон, под услов сите заработени пари од работата да бидат заштедени и да се употребат исклучиво за купување на мобилниот телефон.
Шампиони
Просечен граѓанин на Швајцарија најбрзо ќе заработи пари за најновиот iPhone – за само 4,6 дена. Просечен Австралиец ќе може да си го дозволи најновиот мобилен телефон од Apple откако ќе работи 6,1 ден, а работник од Обединетите Арапски Емирати – за 6,5 дена.
Најлоши резултати
Меѓу земјите вклучени во рангирањето, најлош резултат е забележан во Турција, каде што iPhone вреди колку 146,7 работни дена. Вториот и третиот најлош резултат им припаѓа на Филипините и Бразил – 90,9 и 74,2 дена соодветно.
Методологија и извори:
Индексот на iPhone 2022 е пресметан врз основа на официјалните цени на iPhone 14 Pro (со 128 GB меморија) презентирани или од локалните филијали на Apple или од овластените продавачи. Просечните плати се преземени од веб-страниците на официјалните заводи за статистика на земјите и се ажурирани со цените на iPhone објавени во секоја земја. Нето платите се добиени преку официјалните институции за статистика или преку калкулатори за плата. Месечните плати се поделени со 21 – просечен број на работни денови во еден месец. Во земјите каде што заводите за статистика користат неделни стапки, платите се поделени со 5.
Прочитајте повеќе текстови во Бизнис.
Поврзани објави
БДП по жител во Македонија 1990-2023
Запознајте го племето Боди од Етиопија – каде што е убаво да се има голем стомак
10 совети за оптимална температура во вашиот дом или канцеларија
Најново во Бизнис

Leave a Reply