Skip to main content
Плаќање со светскиот дигитален сервис Google Pay

НЛБ Банка овозможува плаќање со Google Pay™

НЛБ Банка овозможува плаќање со Google Pay НЛБ Банка овозможува плаќање со Google Pay

НЛБ Банка, следејќи го трендот на дигитално напредни банки, на своите клиенти кои ја користат апликацијата NLB Pay им овозможи плаќање со светскиот дигитален сервис Google Pay™, дома и во над 60 земји во светот.

Унапредената мобилна апликација нуди низа нови функционалности кои дополнително го подобруваат корисничкото искуство на бесконтактните плаќања, овозможувајќи истите да бидат уште побрзи, полесни и посигурни.

NLB Pay мобилниот паричник овозможува дигитализирање на НЛБ Visa и Mastercard  платежните картички во Google Pay™ преку Android смартфон или смарт часовник, и можност за користење и плаќање со сите картички на клиентот во Банката.

Апликацијата нуди и преглед на сите направени трансакции со картичките, како и состојба на сметка за секоја поединечно дигитализирана картичка. Дополнителна придобивка на сервисот е можноста за дигитализација на сите картички за лојалност со баркод.

Постоечките корисници на NLB Pay потребно е да направат апдејт на апликацијата за да продолжат непречено да ја користат, додека новите корисници на NLB Pay, може да ја преземат апликацијата преку Google Play store, целосно бесплатно. Апликацијата е достапна на мобилни уреди со Андроид оперативен систем 7.0 и повисоки верзии.

Повеќе информации околу функционалностите и користењето на NLB Pay апликацијата може да се преземат / добијат на следниот ЛИНК.

Прочитајте повеќе текстови во Бизнис.


Поврзани објави

10 совети за оптимална температура во вашиот дом или канцеларија

Tемпературата во домот е од клучно значење за удобноста во вашиот дом и здравјето на вашето семејство
Одржувањето оптимална температура во вашиот дом е клучно за вашата удобност и здравје. Како што надворешните температури се менуваат со годишните времиња, така сите ние треба да ја прилагодуваме и регулираме температурата во нашите домови за да обезбедиме максимален комфор но, и да ги заштитиме н…

Колку работни дневници ви се потребни Вам и на луѓето низ светот за да купите нов iPhone 14 Pro

Колку вреди еден iPhone 14 Pro изразено во работни дневници
Мобилните телефони iPhone претставуваат своевиден стандард во мобилната и комуникациската индустрија. Секоја година Picodi.com го објавува iPhone индексот којшто оваа година ја претставува локалната вредност на еден iPhone 14 Pro изразена во број на работни денови (дневници) по работник.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Send this to a friend