Skip to main content
Воведување дигитална валута

Започна 15. конференција за плаќањата и пазарната инфраструктура: дигиталните валути на централните банки стануваат реалност

Започна 15. конференција за плаќањата и пазарната инфраструктура: дигиталните валути на централните банки стануваат реалност Започна 15. конференција за плаќањата и пазарната инфраструктура: дигиталните валути на централните банки стануваат реалност

Новите технологии забрзано го менуваат пејзажот на платежните услуги и пазарната инфраструктура, како во светот, така и кај нас.  Централните банки се еден од двигателите во процесот на дигитализацијата на плаќањата, а најдобар пример за тоа е што најголем број од нив ги истражуваат можностите за воведување дигитална валута, вклучувајќи ја и нашата централна банка. 

Во услови на технолошки напредок и глобализација, за да се овозможат побрзи, поевтини и инклузивни прекугранични плаќања, од суштинско значење се соработката и усогласувањето на платните системи. За нашиот регион од особен интерес е усогласувањето на платежната инфраструктурa со рамката на Единствената европска платежна област (СЕПА), за поефикасни прекугранични трансакции и забрзување на економскиот раст.

Ова беа првите пораки упатени од 15. конференција за плаќањата и пазарната инфраструктура, која во организација на нашата Народна банка и Централната банка на Холандија, се одржува денес и утре во Охрид. Конференцијата, со свои обраќања, ја отворија гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска и директорката на Секторот за плаќање и пазарна инфраструктура во Банката на Холандија, Инге ван Дијк.

Обраќање на гувернерката Ангеловска-Бежоска

Тековните и идните трендови во иновациите во платежните услуги и улогата на централните банки во тоа, беа главниот осврт во обраќањето на гувернерката Ангеловска-Бежоска. Ангеловска-Бежоска посочи дека во анкета на „Централ банкинг“ за финтек, над 80% од централните банки како приоритет во истражувањата ги имаат наведено токму иновациите во плаќањата, како и дигиталните валути, кои се соодветен одговор на централните банки на дигитализацијата на платежната индустрија.

„Дигиталните валути на централните банки сѐ повеќе добиваат на значење. Според најновите податоци, 114 земји, коишто претставуваат над 95 проценти од глобалниот БДП, истражуваат за воведување дигитална валута, додека пред три години, само 35 земји размислуваа за тоа. Единаесет земји целосно воведоа дигитална валута, додека од земјите на Г20, 18 земји се во напредна фаза на развој“, посочи Ангеловска-Бежоска, истакнувајќи дека и нашата централна банка неодамна започна со истражување на можноста за воведување дигитален денар.

Обраќање на Инге ван Дијк

Директорката на Секторот за плаќање и пазарна инфраструктура во Банката на Холандија, Инге ван Дијк, во своето обраќање ја истакна важноста на соработката во плаќањата во услови на технолошки напредок и глобализација, нагласувајќи ја потребата од побрзи, поевтини прекугранични плаќања, како и транспарентност и инклузивност. Како што истакна, „понатамошната интеграција на европскиот пазар на плаќања е неопходен чекор за изградба на посилна Европа“, иако тоа не е едноставен процес на традиционално фрагментираниот пазар и бара стратегија и инвестиции за усогласување. Зборувајќи за холaндското искуство со СЕПА, таа истакна дека усогласувањето со европската рамка е огромниот придонес за поголема брзина и ефикасност на плаќањата и отворање на патот за поголема конкуренција и иновации, притоа носејќи нови решенија за плаќања за граѓаните и компаниите.

„Оваа конференција континуирано се покажува како важна платформа за размена на мислења, во духот на соработката и меѓусебната почит. Во овој контекст, би сакала да цитирам една стара африканска изрека: Ако сакаш да чекориш брзо, оди сам. Ако сакаш да стигнеш далеку, чекори заедно со другите“, порача ван Дијк, осврнувајќи се на важноста на соработката во сите сфери.

Овие два дена, во рамките на 15. конференција за плаќањата и пазарната инфраструктура, претставници на Европската централна банка и централните банки на земјите од ЕУ и регионот, Црноморскиот Регион и Северна Африка, Банката за меѓународни порамнувања, Европскиот совет за плаќања, домашните финансиски регулатори, домашниот банкарски сектор, како и домашните и странските институции од доменот на финтек-секторот ќе дебатираат на повеќе актуелни теми поврзани со јакнењето на финансиската рамка на патот кон СЕПА, поврзувањето на платежната инфраструктура на Западен Балкан со инфраструктурата на ЕУ, дигиталните валути на централните банки ширум светот, отвореното банкарство и иднината на финансиските услуги коишто ги овозможува финтек-секторот и други теми.

Конференцијата, која се одвива на англиски јазик, може да се следи на youtube каналот на Народната банка на следната врска.

Прочитајте други текстови во Бизнис.


Поврзани објави

БДП по жител во Македонија 1990-2023

Споредба на развиеноста на државата во однос на други држави
БДП по жител е економски индикатор кој ја мери врската помеѓу нивото на приход на една земја и секој нејзин жител.

Колку работни дневници ви се потребни Вам и на луѓето низ светот за да купите нов iPhone 14 Pro

Колку вреди еден iPhone 14 Pro изразено во работни дневници
Мобилните телефони iPhone претставуваат своевиден стандард во мобилната и комуникациската индустрија. Секоја година Picodi.com го објавува iPhone индексот којшто оваа година ја претставува локалната вредност на еден iPhone 14 Pro изразена во број на работни денови (дневници) по работник.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *


Најново во Банкарство

НЛБ Банка Скопје

НЛБ Банка исплаќа дивиденда

Одличен износ на дивиденда
НЛБ Банка Скопје

НЛБ Банка Скопје по седми пат „Најдобра банка во Македонија“според EMEA Finance

НЛБ Банка Скопје е една од најголемите банки во земјава
НЛБ Банка овозможува плаќање со Google Pay

НЛБ Банка овозможува плаќање со Google Pay™

Плаќање со светскиот дигитален сервис Google Pay
Send this to a friend