НЛБ Банка исплаќа дивиденда


НЛБ Банка АД Скопје информира дека на ден 30.06.2023 година изврши исплата на дивиденда согласно Одлуката за определување на износ на дивиденда и утврдување на дивиденден календар на НЛБ Банка АД Скопје на Собранието на акционери од 31.05.2023 година.
Вкупниот износ на дивиденда кој им се исплаќа на акционерите изнесува 2.076.222.291 МКД. Износот на бруто дивиденда по акција изнесува 2.431 МКД. Износот на дивидендата е збир од добивката остварена во 2022 година – 1.702.997.634 денари и од акумулираните 373.224.657 денари од 2021 година.
Исплатата на дивиденда се изврши за сите акционери кои имаат сметки во НЛБ Банка АД Скопје и за акционерите кои имаат доставено уредни инструкции за исплата на дивиденда во предвидениот рок.
Прочитајте повеќе текстови во Бизнис.
Поврзани објави
НЛБ Банка Скопје по седми пат „Најдобра банка во Македонија“според EMEA Finance
БДП по жител во Македонија 1990-2023
Колку работни дневници ви се потребни Вам и на луѓето низ светот за да купите нов iPhone 14 Pro
Најново во Банкарство

НЛБ Банка Скопје по седми пат „Најдобра банка во Македонија“според EMEA Finance

Leave a Reply